Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуелот против Нексе без навивачи и со ограничен број на новинари и фотографи
Дуелот против Нексе без навивачи и со ограничен број на новинари и фотографи

Дуелот против Нексе без навивачи и со ограничен број на новинари и фотографи

Известување од ракометниот клуб Вардар, во пресрет на реванш мечот од 1/4 финалето против екипата на Нексе. Истиот ќе се одигра без присуство на гледачи, под посебни протоколи и со ограничен број на новинари и фоторепортери. Истото во ги пренесуваме во целост:

Пред одигрувањето на реванш четврт-финалниот меч од СЕХА Газпром лигата со Нексе, Хрватска ве известуваме дека натпреварот ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република  Македонија. Истиот ќе биде без присуство на публика и со ограничен број на претставници на медиумите.

Натпреварот е закажан за 29 август 2020 година со почеток во 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Со зел да се запазат сите препорачани мерки на претпазливост ве информираме дека поради ограничениот број на места за новинарите и фотографите за овој натпревар НЕМА ДА ВАЖАТ годишните акредитации издадени за сезоната 2019/2020.

Сите редакции кои сакаат да имаат свој претставник на натпреварот ќе мораат ДА СЕ АКРЕДИТИРААТ директно во клубот. Клубот го задржува правото на одобрување или не на бараните акредитации, во согласност со можностите.

Максималниот број на новинари на трибината што ќе може да бидат присутни е ограничен на 12.
Бројот на фотографи исто така ќе биде ограничен и ќе може да влезат во салата само 4 фотографи. Движењето на фотографите е ограничено исклучиво зад головите и без можност да се користи страната каде се сместени клупите на резервните играчи.

Сите барања за акредитации треба да бидат испратени од ОФИЦИЈАЛЕН Е-МАИЛ НА РЕДАКЦИЈАТА најдоцна до четврток, 27 август 2020 година на следната адреса:

media@rkvardar1961.com

Местото на влез во салата ќе биде дополнително потврден, и на самиот влез на секој акредитиран новинар ќе му биде измерена температура. Секој акредитиран новинар ќе треба претходно да пополни и достави листа со сопствените податоци во случај да има потреба од дополнително контактирање.

Со цел да не се создаде метеж пред натпреварот ве молиме навреме да дојдете во сала бидејќи влегувањето ќе трае подолго од вообичаената процедува.

На влез задолжително ќе треба да се изврши дезинфекција. За време на движење во салата и за време на натпреварот задолжително е користење на маски на лицето. Движењето во салата треба да се сведе на минимум. Се препорачува да имате со себе вода или течност за пиење бидејќи во салата нема да има продажба на пијалоци.

По натпреварот нема да има одржување на прес – конференција.
Нема да има микс зона и можност за земање изјави на терен. Се препорачува користење на информациите од клупскиот веб сајт и каналите на социјалните мрежи на клубот, или телефонски контакти со играчите и стручниот штаб.