Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Девојките со две победи по ред ја заземаа вицешампионската позиција на табелата
Кошарка! Девојките со две победи по ред ја заземаа вицешампионската позиција на табелата

Кошарка! Девојките со две победи по ред ја заземаа вицешампионската позиција на табелата

Девојките  на женскиот кошаркарски тим “Вардар“ со врзани две победи по ред успеаа да избијат на втората позиција на лигата веднаш зад шампионот, екипата на КК Бадел 1862. Баделки се први со осум бода, ние сме второпласирани со бод помалку. Тие имаат четири победи, ние три и еден пораз токму од нив на домашен терен во малата сала “Кале“.

Во изминатите две кола дојдовме до триумфи со екипите на ЖКК Трокал и Струга 2009. Во дуелот од 4.коло бевме гостинки кај екипата на Трокал во овој натпревар ние триумфиравме со “плус пеесет“ поени разлика. Резултатот од тоа гостување беше 23-73 во корист на црвено-црните девојки. Во 5.коло во нашата сала во Скопје ја пречекавме екипата на ЖКК Струга 2009 во овој натпревар победивме исто така со двоцифрена разлика, триумфирајќи со дваесет поена предност на крајот. Вардарки победија со стружанки со резултат 71-51. Во следното 6.коло поради непарниот број на екипи во лигата, пет ние сме слободни и нема да одиграме натпревар.