Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мечот Нексе-Вардар во СЕХА со директен пренос на МТВ, дуелот се игра вечер во 19часот
Мечот Нексе-Вардар во СЕХА со директен пренос на МТВ, дуелот се игра вечер во 19часот

Мечот Нексе-Вардар во СЕХА со директен пренос на МТВ, дуелот се игра вечер во 19часот

Нема многу одмор за нашиот ракометен  црвено-црн тим,  кој директно од Манхајм се упати за Нашице, каде вечерва со почеток од 19 часот игра натпревар во рамките на осмото коло од СЕХА-лигата. Црвено-црните  во дуел од регионалата СЕХА лига гостуваат кај вицепрвакот на Хрватска тимот на Нексе.

Дуелот кој е закажан со почеток во 19-00 часот низ директен пренос ќе може да се проследи во нашата земја. Од истиот пренос ќе врши националната телевизија, МТВ. Македонската радио и телевизија преносот со коментар на Т.Стојановски ќе го емитува на првиот програмски канал.