Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар останува лидер на табелата, Баскет Кам немаше сили за отпор
ЖКК Вардар останува лидер на табелата, Баскет Кам немаше сили за отпор

ЖКК Вардар останува лидер на табелата, Баскет Кам немаше сили за отпор

Во женската Прва Лига овој викенд се одигра   18.коло и по крајот на истот сме   лидери на табелата пред шампионот  Бадел 1862 . Девојките на Жаклина Стојановска, тимот на ЖКК Вардар  вчера   го  пречекаат  тимот на Баскет Кам.

На натпреварот кој се играше во малата сала “Кале“  дојдовме до победа со 41 поен разлика. Ние доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра и уште по првта четвртина најавивме триумф. Победата дојде со резултат 64 – 23, ова е наш 16-ти успех во досега одиграните 17 дуели оваа сезона. Во следното коло играме дерби со шампионот, Бадел на кого гостуваме. Во ова коло постигнати се и следните резултати:

Трокал- Работнички 17 – 61
Патриот 2016 -Струга 2009   13 – 60
Пелистер- Бадел 1862  35 – 97
Крива Паланка- Гостивар  96 – 55