Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Давков, Ѓорѓоски и Стојановски стартери за Македонија во триумфот против Грузија
Давков, Ѓорѓоски и Стојановски стартери за Македонија во триумфот против Грузија

Давков, Ѓорѓоски и Стојановски стартери за Македонија во триумфот против Грузија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја забележа и втората победа, на развојниот турнир во Скопје. На терените на ФФМ, избраниците на Горан Станковски го остварија и вториот триумф, овој пат совладана беше репрезентацијата на Грузија, со резултат 2:0.

Стрелец на двата гола беше Бехар Фета. Во стартниот состав на Македонија се најдоа и тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Филип Ѓорѓоски, Грегори Давков и Георг Стојановски.

Во последното 3.коло, Македонија за противник ја има селекцијата на Азербејџан.