Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар ја има најдобрата одбрана и лидерското место во Првата лига
ЖКК Вардар ја има најдобрата одбрана и лидерското место во Првата лига

ЖКК Вардар ја има најдобрата одбрана и лидерското место во Првата лига

Овој викенд се докомплетира 12.коло, односно првата рунда од вториот круг во женската кошаркарска Прва Лига. Повторно девојките на Жаклина Стојановска се на врвот како и на секој пресек во оваа сезона 2019/2020.

Актуелните бранители на пехарот девојките на ЖКК Вардар се единствен тим во лигата без пораз, односно имаме 12/12 досега. Лидерското место апсолутно го заслуживме во целост. Она што ги краси црвено-црните во сезоните наназад доаѓа до израз, ние ја имаме најдобрата одбрана во  лигата. Примивме само 512.поена, или ривалите „успеваат“ да ни постигнат само 43.поена во просек односно само 10,80 поени по една четвртина. Го имаме вториот најдобар напад со 1006 постигнати поена или постигнуваме некаде 84.поена по одигран меч, односно 21 по период. Табелата изгледа вака по ова 12.коло:

tt-2