На две кола до крајот на групната фаза, Европскиот Шампион успеа да обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите. Со триумфот против екипата на Мотор Запорожје, црвено-црните веќе се пласирани во најдобрите 16 екипи. Сташ Скубе одигра одличен меч, беше вистински предводник на екипата, постигнувајќи осум голови. Медија тимот на ЕХФ го смести во најдобриот тим на колото во ЛШ.
Да гласаме сите за Скубе, да биде прогласен и за играч на колото во ЛШ. Гласањето се одвива на линкот, ТУКА.