Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Седма сезона по ред Вардар успеа да се пласира во осмина-финалето на ЛШ
Седма сезона по ред Вардар успеа да се пласира во осмина-финалето на ЛШ

Седма сезона по ред Вардар успеа да се пласира во осмина-финалето на ЛШ

Седма сезона по ред, екипата на Вардар успеа да обезбеди пласман во најдобрите 16 екипи во Лигата на Шампионите. Црвено-црните и оваа сезона го повторија ова достигнување, поминувајќи ја групната фаза.

Во три сезони успеавме да се пласираме на завршниот турнир во Келн и тоа три години во серија, од кои на два пати успеавме да ја освоиме Европската титула. Вардар секогаш успевал да ја помине осмина-финалната рунда, додека во три наврати испаѓал во четврт-финалето.

На две кола до крајот на групната фаза, Вардар е најблиску до двомеч со екипата на Алборг во 1/8 финалето, но само под услов да го задржиме петтото место на табелата. За тоа да се случи, ќе треба да останеме непоразени на следниот дуел во ЛШ, гостувањето кај екипата на Порто кој е наш главен конкурент за оваа позиција. Доколку завршиме на 6.место во групата не очекува двобој со екипите на ПСЖ или Пик Сегед. Сепак за црвено-црните е многу подобра првата варијанта и дуел со данскиот претставник.