Убава вест ни стига од кошаркарскиот црвено-црн колектив од следната сезона активна повторно ќе биде женската кошаркарска екипа. ЖКК Вардар веќе почна со работа во сениорска и младинска конкуренција. Тренинзите се одвиваат во салата на КК Вардар во Кале. Од кошаркарски клуб “Вардар” за најажурираниот веб-сајт кој го прати големото црвено-црно семеjство вашиот и наш Вардар фанс го изјавија следново:
Од следната година Вардар слави 70 години, па за јубилејот формираме и женска екипа која ке се натпреварува во Прва лига (Втора нема во женска конкуренција) . Ние почнуваме полека имаме желба знаење, за овој предизвик. Исто така ќе има и младинска екипа до 18 год. Моментно ги оформуваме екипите, ќе работиме од најмлада возраст, исто како што работиме во машка конкуренција.
Напомена : Сите заинтересирани кои имаат желба да станат членови на “црвено-црното” семејство можат да добијат подетални информации на тел. 070 28 82 83.