Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Вардарци на Скопски маратон
АТЛЕТИКА! Вардарци на Скопски маратон

АТЛЕТИКА! Вардарци на Скопски маратон

По 12 пат се одржа Скопскиот маратон. За прв пат се вршеше директен пренос на МТВ1. Учество земаа близу 8.000 тркачи од 46 земји од целиот свет. Вардар имаше 6 свои тркачи. Дејан Василевски и Трпе мартиновски на маратон. Петре Завировски и Марко Ивановски на полумаратон. Стефан Станковиќ и Игор Димитровски на 5км.

Петре Завировски го истрча 3 најбрз полумаратон во кариерата. 1:18:51 со што се пласираше на 8 позиција во генерален пласман 5 меѓу Македонците. Ова е најбрз полумаратон за Вардарецот во последните 2 години. 22 годишниот Вардаровиот маратонец доживува вистинска ренесанса. Оваа трка ја истрча со константен ритам. Последните 5км од трката беа неговите најбрзи километри.

Марко Ивановски беше пејсмејкер за трка од 1:45. Хируршки прецизно ја водеше групата. Перфектно ја одработи својата задача и финишираше со 1:45:03. Не представуваше поблем за искусниот Вардарец да држи просечен ритам од 5 минути по километар.

Легендарниот Трпе Мартиновски се повлече по 31км од маратонската трка. Хроничниот проблем што го има со ахиловата тетива не дозволи 51 годишниот Мартиновски да финишира. Принуден беше пред време да ја заврши трката!

13147539_10207561354124994_3684027639391898413_o

Дејан Василевски го финишираше својот дебитански маратон со резултат од 5:19:18. Успеа да ја мине пеколната 42 километарска делница. Ги победи километрите и постана Маратон финишер. Дисциплината која представува врв на човештвото и олимпизмот Маратонот. Василевски веќе ја финишираше пеколна маратонска борба на пеколните Скопски улици.

Игор Димитровски и Стефан Станковиќ целата трка ја истрчаа заедно. Патеката долга 5 километри ја минаа за 29 минути и 24 секунди. Ова е 4 учество на Станковиќ и Димитровски на трката на 5 км во рамките на Скопскиот Маратон.