Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години се наоѓа во Кипар (Никозија), каде денес и во четврток ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Кипар. Денешниот натпревар е закажан да се одигра од 16:30 часот. Овие контролни натпревари се како подготовка за квалификацискиот турнир за пласман во Елитната рунда на УЕФА. Во месец октомври нашата репрезентација ќе одигра натпревари со селекциите на Полска, Северна Ирска и Словачка.
За пријателските натпревари со Кипар во составот на нашата репрезентација се наоѓаат и четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Филип Трајчевски, Есмин Личина, Дарко Додевски и Ердон Даци се дел од младинскиот состав на Вардар. Поради повреда здобиена на турнирот во Словачка, ќе недостастасува Виктор Димков, кој исто така настапува за црвено-црните.