Кошаркарките на Вардар не успеаа да се пласираат во финалето. Вчера девојките на Вардар беа поразени во Кавадарци од екипата на МНА Кожувчанка. Тимот на МНА Кожувчанка во текот на целиот меч беше подобар противник и заслужено го однесе полуфиналето во решевачки натпревар. Овој натпревар кавадарчанки го добија со резултат 68-56.
Мајсторката ќе биде одиграна на теренот на Вардар, во малата сала во СЦ. “Кале” овој викенд. Се надеваме со победа на големо финале против тимот на Бадел 1862, кој со две победи против Шкупи е веќе во финалето и не очекува.