Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Далибор Костовски: Победата против Шкупи ни ја подигна самодовербата, пред важните натпревари од купот на Македонија

Далибор Костовски: Победата против Шкупи ни ја подигна самодовербата, пред важните натпревари од купот на Македонија

Изминатиов викенд активна беше Вардаровата генерација “2002“, која во рамките на натпревар од регионалната-скопска лига ја совладаа екипа на Шкупи. Тоа беше еден тврд натпревар, со цврста игра и одбрана на двете страни, каде екипите немаа некои поголеми шанси. Сепак Вардарци максимално ги искористија своите прилики и постигнаа два гола. Екипата од Чаир пред крајот на натпреварот го намали резултатот на 2:1, што на крај се покажа и како конечен. За црвено-црните стрелаа Игнатов и Салиу, со евро гол од слободен удар. Капитенот на оваа генерација, Далибор Костовски говори за впечатоците од триумфот против Шкупи, со напомена дека ова било многу важна победа за подигнување на самодовербата на натпреварите кои претстојат до крајот на сезоната.

-На мечот против Шкупи дадовме повеќе од 100 посто за да ја победиме екипата од Чаир. Ни беше потребен овој триумф после поразот од Работнички и нерешениот дуел со екипата на Металург. Со оваа победа се врати кај нас многу самодовербата. Тренерот Ѓорѓиевски им даде шанса за настап на сите играчи, кои со максимално залагање ја искористија дадената минутажа. Секој сака да се докаже во дресот на Вардар и да ја добие довербата од тренерот.

Во среда, избраниците на Петар Ѓорѓиевски ќе гостуваат во Битола, во рамките на првиот полуфинален меч од националниот куп. Противник во оваа последна елиминациска рунда пред големото финале е екипата на ФК Талент.

-Во среда исто така не чека еден тежок натпревар од купот на Македонија. Во рамките на првиот полуфинален меч гостуваме во Битола, на екипата на Талент, а по седум  дена го играме реваншот во Скопје. Ние сакаме да го решимео вој двомеч уште во Битола, иако знаеме дека нема да биде лесно. Не ја познаваме многу екипата на Талент. Знаеме само дека во четвртфиналето ја елиминираа Шкендија, што говори за каков противник се работи. После изгубените шанси за првенствената титула, сите сили ќе насочиме кон  купот на Македонија, каде сметам дека имаме квалитет и силен состав за да го освоиме трофејот од ова натпреварување.

Звонко Ивановски