Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар М16 викендов ќе настапи на Ф-4 во Делчево
ЖКК Вардар М16 викендов ќе настапи на Ф-4 во Делчево

ЖКК Вардар М16 викендов ќе настапи на Ф-4 во Делчево

За титулата државен првак во кадетска конкуренција, ќе се борат екипите на Бадел 1862, Тим Арена, Вардар и организаторот на турнирот, екипата на Патриот 2016.

По завршувањето на натпреварите од четвртфиналната фаза, познати се и четирите екипи кои ќе одлучат кој ќе биде државен првак во М16 лигата во женска конкуренција.

Овој викенд, поточно во сабота, на распоредот е финалниот турнир во Делчево, кој стартува со двата полуфинални натпревари.

Во првото полуфинале од турнирот кој ќе биде во организација на ЖКК Патирот 2016, а ќе се игра во големата сала „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево, од 16.часот, ќе разигруваат екипите на Бадел 1862 и на Тим Арена од Штип.

Нешто подоцна, од 18.30 часот, на истото место силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и на Патриот 2016.

Поразените екипи од двете полуфинални средби во недела од 16.часот, ќе се борат за третото место.

Од 18.30 часот е закажано големото финале по кое ќе стане јасно кој ќе биде шампион во М16 лигата-жени.

ЗАВРШЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

4. ЈУНИ (САБОТА) – ПОЛУФИНАЛЕ

16.00: Бадел 1862 – Тим Арена

18.30: Патриот 2016 – Вардар

5. ЈУНИ (НЕДЕЛА) – ЗА ПЛАСМАН

16.00: За трето место

18.30: Финале