Saturday ,18 January 2020
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар утре во Кавадарци ја започнува одбраната на круната, ЖКК Трокал прв ривал
Вардар утре во Кавадарци ја започнува одбраната на круната, ЖКК Трокал прв ривал

Вардар утре во Кавадарци ја започнува одбраната на круната, ЖКК Трокал прв ривал

Викендов е првата „рунда“ од  новата сезона 2019/2020 во Првата женска кошаркарска лига. Вардар и уште 11 екипи ќе се борат за титулата. Кошаркарките на Жаклина Стојановска се  бранители на титулата, вардарки лани успеаа да дојдат до врвот по победата во финалната серија со тимот на Бадел.

Како што претходно беше познато одбраната на пехарот ќе  ја започнеме  како гости кај екипата на  Трокал. Веќе е дефиниран и термиот на тој дуел, истиот ќе се игра утре, сабота 19.октомври со почеток во 15-00. Салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде место на соочување на овие две екипи.