Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Еуроспорт, додека кадетите и младинците гостуваат во Куманово
Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Еуроспорт, додека кадетите и младинците гостуваат во Куманово

Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Еуроспорт, додека кадетите и младинците гостуваат во Куманово

Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 6.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи на теренот на Академијата се домаќини на екипата на Еуроспорт, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Куманово. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.

Помладите пионери предводени од Сашо Тодоровски се единствената наша генерација која е без пораз сезонава. На пет одиграни кола, нашите млади надежи имаат забележано три победи и два нерешени резултати. Во претходното коло одигравме без победник во дуелот со екипата на Работнички, а саботниот дуел е добра шанса да се вратиме на победите во лигата.

Пионерите на Вардар во минатото коло го доживеаа првиот пораз, во дерби пресметката со градскиот ривал. За мечот со Еуроспорт, тренерот Драган Стефановски нема да може да смета на услугите на дури тројца играчи, кои добија црвени картони во дуелот со Работнички. Се работи за Алек Сељанац, Дарио Јовановски и Грегори Давков кои ќе паузираат по еден натпревар. Од друга страна радува фактот што во екипата се враќаат репрезентативците, Стојковски, Ѓоргоски и Стојчевски. Вардаровите пионери се големи фаворити во дуелот со Еуроспорт, улога која треба да ја оправдаат на теренот.

Кадетите лошо ја стартуваа новата сезона со оглед дека после пет одиграни кола имаат три порази и само две победи. Нешто не функционира кај оваа генерација, а тренерот Деспотовски треба да го врати тимот на победничките патеки. Се освен триумф во Куманово, ќе биде нов неуспех за оваа генерација, која пред стартот на сезоната важеше како еден од најголемите фаворити за освојување на круната.

На победите ќе се обидат да се вратат и младинците на Вардар, кои во претходното коло на домашен терен загубија од Работнички. После пет одиграни кола, оваа генерација има скор од три победи и два порази.