Вардаровите ракометари и стручниот штаб заминаа за Унгарија, утре европскиот првак му гостуваат на унгарскиот шампион Веспрем. Ова е меч од 5.коло во ЛШ по кое има репрезентативната пауза.
Дуелот со тимот кој го совладавме во финалето на Ф-4 турнирот во Келн, ќе биде деби за новиот тренер, Едуард Кокшаров. Селекторот на „зборнаја“ нема да може да смета на на Сергеј Горбок, кој има повреда на ногата. Во ростерот е капитенот, Стојанче Стоилов кој на мечот со Кил не одигра ниту една минута.
По пристигнувањето во Унгарија, поладнево вардарци ќе одржат еден тренинг во „Веспрем арена“.