Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Викендов ќе се одигра 2. дел од турнирот „Еден живот, една љубов”
Викендов ќе се одигра 2. дел од турнирот „Еден живот, една љубов”

Викендов ќе се одигра 2. дел од турнирот „Еден живот, една љубов”

Викендов, најмладите ракометари од  Ракометната академија Вардар  родени 2008/09 и 2010 година и помлади  во СЦ „Јане Сандански” ќе се натпреваруваат на шестото издание од турнирот „Еден живот, една љубов”.

Ракометната академија Вардар по шести пат го организира традиционалниот турнир „Еден живот, една љубов”, а годинава натпреварите беа распоредени во два викенда, и тоа викендите 5 – 6 октомври играа момчињата од генерацијата 2006/07, а претстојниот викенд 19 – 20 октомври ќе играат нашите најмлади членови.

В сабота на теренот ги очекуваме момчињата во генерацијата 2008/09, кои ќе се натпреваруваат во екипите на Кисела Вода Вардар, Ангели Вардар, Филип Вардар, Будимир Вардар, Бисинов 1 Вардар, Седмерец Вардар, Ѓорче Петров Вардар и Бисинов 2 Вардар.
Првиот ден од турнирот, 19 октомври, екипите ќе се натпреваруваат во групи, а вториот ден се разигрува за пласман.
Пропозиции и распоред за категоријата 2008/09: turnir_08.09_mashki_1.docx

Најмладите мешани екипи со децата родени 2010 година и помлади кои се натпреваруваат во мини ракомет ќе играат в недела.