Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар го пречекува шампионот Бадел 1862 во дербито

Кошарка: Вардар го пречекува шампионот Бадел 1862 во дербито

Викендов на програмата во женската кошаркарска лига е новото, 5.коло ( втор круг). Во истото на ќе се одигра дербито помеѓу двата најквалитетни женски кошаркарски состави во земјава. Екипата на шампионот Бадел 1862 е гостин на нашиот ЖКК Вардар.

Дуелот ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ – Скопје каде сме ние домаќини. Во лигата во двете средби во првиот круг баделки триумфираа, тие имаат 22 бода досега, ние имаме 20 бода на лигашката табела. Нашите девојки имаат победа во сите дуели освен во средбите со шампионот. Сепак на најважната средба годинава со овој тим во финалето од Купот на Македонија ние победивме и дојдовме до големиот пехар, истиот втора година по ред е во наша сопственост.