Тимот на Вардар овој викенд на својот стадион ќе биде домаќин на тимот на Ренова од Тетово. Ова ќе биде дуел во рамките на 24. коло во ПМФЛ.
Вардар по одиграните 23. кола се наоѓа на втората позиција на табелата со 43 освоени бодови, додека пак противникот, тимот на Ренова, во овој момент го завзема седмото место на табелата со освоени 25 бодови. Вардар и Ренова оваа сезона силите ги одмерија на два наврати, на првиот дуел во Скопје Вардар победи со 2:1, а пак во Тетово исто така Вардар се радуваше на победа со резултат 5:2.
Дуелот на Вардар и Ренова и комплетното коло, ќе биде одиграно во сабота од 14.00 часот.