Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор денес домаќин на ЖРК Деспина
Вардар Јуниор денес домаќин на ЖРК Деспина

Вардар Јуниор денес домаќин на ЖРК Деспина

Младиот женски ракометен состав на Вардар Јуниор денес игра дуел од домашната лига, во истиот е домаќин на екипата на ЖРК Деспина од Прилеп.  Девојките на Симе Симовски  ќе ги пречекаат своите ривалки во Спортскиот центар “Кале“, дуелот ќе се игра со почеток во 17 часот и 30 минути.

Вардарки се фаворити во овој натпревар, во првиот дуел како домаќини ги совладавме со резултат 28:21, а на  гости ние триумфиравме со пет гола позитива, 25-30. На табелата ние имаме 33.бода и сме дел од неколкуте екипи кои атакуваат на вице-шампионската позиција во лигата на која лани завршивме.