Бранителот на титулата се справуваше добро со фактот дека е мета на сите, досега сезонава. Победата во групата А му даде шанса да оди директно во четвртфиналето, што значи дека тимот од Скопје е на еден чекор од пласман на Ф4-турнирот во Келн. Тренерот Раул Гонзалес и уште неколку клучни играчи си одат на крајот од сезонава, но претходно ќе се обидат да креираат историја- пишува во коментарот за Вардар.
ПСЖ остана на првото место, Вардар од второто падна на четврто, пред нас се Веспрем и Барселона. Нашиот тим во есенскиот дел од сезоната беше на првото место од ова рангирање. ЕХФ Топ10 листата изгледа вака:
1. ПСЖ
2. Барселона
3. Веспрем
4. Вардар
5. Нант
6. Фленсбург
7. Кјелце
8. Кил
9. Кристијанштад
10. Монпелје