Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Крива Паланка последен “тест“ пред Купот за вардарки
ЖКК Крива Паланка последен “тест“ пред Купот за вардарки

ЖКК Крива Паланка последен “тест“ пред Купот за вардарки

Дуелот со тимот на ЖКК Крива Паланка ќе биде последен тест за девојките на Жаклина Стојановска пред завршницата на Купот на Република Македонија. Овој викенд на програмата е 13.коло во женската Прва лига последно пред паузата поради Куп возбудувањата.

ЖКК Вардар на оваа средба е гостин, натпреварот ќе се игра во недела, 10.февруари со почеток во 18-00 часот во Крива Паланка. Ние сме фаворити на оваа средба против тимот кој има солиден скор од 4 победи од одиграни 11 дуела во единствената кошаркарска женска конкуренција. На првиот дуел одигран малата сала при С.р.ц “Кале“, дојдовме до убедлива победа во дуел во кој доминиравме во сите четвртини со високи  104:30.