Вардарци со победа се враќаат од гостувањето во Манхајм. На најдобар можен начин ја отворивме новата година со голем триумф против екипата на Рајн-Некар, кој е наш голем конкурент за второто место на табелата. Избраниците на Пародно имаа целосна контрола на играта и резултатот во текот на целиот натпревар, на крајот славевме со резултат 27:30.
Вардарци не беа сами на ова гостување, тие имаа поддршка во “САП Арената„ од голем број на македонски иселеници кои живеат во Германија. На моменти се слушаше, “Ајде, ајде вардаре„ а играчите им вратија на најдобар можен начин, со голема победа.