Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати термините за младинските дуели на Вардар во женската и машката лига
Познати термините за младинските дуели на Вардар во женската и машката лига

Познати термините за младинските дуели на Вардар во женската и машката лига

Викендов на програмата се вторите пролетни коло во машката и женската младинска ракометна лига и првото во пионерската кај момците. Црвено-црните тимови ги очекуваат четири натпревари, три дуела имаме кај момците и еден кај девојките. Од истите три ќе одиграме во С.Ц “Јане Сандански“, а еден во гости.

Девојките на Вардар се домаќини  на екипата на ЖРК Стружанка во натпревар од 11.коло од женската младинска лига. Вардар е фавориот, ние влегуваме во натпреварот како лидери, позиција која ја задржавме по победата минатиот викенд против РК Кузман Вардар. Дуелот се игра, сабота (09/02/2019) со почеток во 16-00 часот.

РК Вардар Јуниор е домаќин на екипата на РК Прилеп 2010, во натпревар од 9.коло во групата-2 од младинската машка лига. Момците на Петрушевски и Манасков ќе ги пречекаат своите ривали во С.Ц “Јане Сандански“ во недела(10/02/2019) ,  натпреварот ќе започне во 16-30 часот. Вардарци ќе се обидат да дојдат до прв триумф годинава по првиот пораз изминатиот викенд на гостувањето кај Металург-2.

Кадетите на РК Вардар, во рамки на младинската група-1 ќе бидат гости ова коло. Тие  во сабота (09/02/2019)  ќе одиграат натпревар во Охрид кај истоимениот противник. Натпреварот кој ќе се игра во СРЦ „Билјанини извори“ е закажан со почеток во 18-00 часот. Тимот на Будимир и Станковски е во налет, тие имаат четири победи во последните четири дуели во младинскта лига.

Пионерите на Вардар ќе го играат првото пролетно, односно 8.коло во групата-1. Не очекува дерби на домашен терен со РК Металург. На момците на Зоран Петковски-Зенга и Никола Бисонов им е потребна победа од над четири гола за подобар скор од ривалот. Натпреварот се игра сабота  (09/02/2019), со почеток во 14-30 часот.