Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки на мегдан со Пелистер
Кошарка: Вардарки на мегдан со Пелистер

Кошарка: Вардарки на мегдан со Пелистер

Вардарки со победата минатото коло над “фенерџијата“ Трокал избиа на врвот на табелата во македонската женска кошаркарска лига. Тие по триумфот со 84-37 над ривалот на дуелот одигран во малата сала при С.р.ц “Кале“-Скопје  го минаа шампионот Бадел 1862 кој има еден меч помалку одиграно досега. Следен предизвик за нашите девојки е гостувањето во Битола.

zk

Тие овој викенд гостуваат кај екипата на ЖКК Пелистер, натпревар кој ќе се одигра во салата Младост во Битола. Во сите соочувања во лигата, три на број и едното во полуфиналето од Купот на Република Македонија во салата “Јасмин“ во Кавадарци нашите девојки дојдоа до победи со зелено-белиот тим. Вардарки во лигата се со блескава серија од седум победи по ред, викендов атакуваат на осмата.