Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати се противниците во 1/2-финалето на Купот за четири млади генерации на ФК Вардар
Познати се противниците во 1/2-финалето на Купот за четири млади генерации на ФК Вардар

Познати се противниците во 1/2-финалето на Купот за четири млади генерации на ФК Вардар

Четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе играат во полуфиналето на купот и ќе се борат за трофејот во ова натпреварување. Веќе се познати противниците на сите вардарови екипи во оваа елиминациска рунда, последна пред големото финале.

Вардаровата генерација родени “2003“ година која е лидер во регионалната – скопска лига, за противник во полуфиналето на националниот куп ја доби екипата на Академија Пандев. Ова всушност ќе биде реприза на големото финале од минатата сезона, кога вардарци го освоија купот а во финалниот дуел беа подобри токму од тимот на А.Пандев. Тој меч се одигра на стадинот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари и заврши со триумф на црвено-црните од 3:1. На патот до полуфиналето, избраниците на Чунга Лунга ја елиминираа во двомеч екипата на Шкендија, со вкупен резултат од 3:1, односно истиов резултат беше актуелен на теренот на Академијата, додека на гостувањето во Тетово одигравме без голови 0:0.

Генерацијата “2004“ на ФК Вардар предводена од Игор Кралевски има максимален број на освоени бодови и сигурно чекори кон освојување на регионалната – скопска лига. Предизвик во полуфиналето на купот за Вардар во оваа возрасна генерација ќе биде екипата на Топ Гол од Охрид, непознат противник за црвено-црните и дуел на кој нашите млади надежи ќе бидат фаворити, со голема шанса да играат во големото финале. Во четвртфиналето, избраниците на Кралевски го елиминираа Милано, откако на реваншот во Скопје славеа убедливо со резултат 8:0, а на првиот дуел одиграа со нерешен резултат од 1:1.

Помладите пионери се најпријатното изненадување оваа сезона во првенството, каде на 17 одиграни натпревари имаат 16 победи и само 1 нерешен резултат. Избраниците на Рап-Тап имаат голема и тешко достижна предност за конкурентите, па се повеќе е очигледно дека Вардар ќе стане нов шампион на Македонија, кај генерацијата родени “2002“ година. Мотивот да се помине полуфиналната пречка за вардарци е поголем, со оглед дека за противник го имаат тимот на Работнички, кој минатата сезона ја освои двојната круна во оваа генерација, односно во регионалната лига и во купот. Во големото финале на купот, минатата сезона на стадионот “Борис Трајковски“ играа Вардар и Работнички, а поуспешен беше противникот. Ова е голема шанса за оваа генерација на Вардар да направи голем успех оваа сезона и да ја освои двојната круна, ако едната е веќе на дофат, сите мисли во наредниот период сигурно дека ќе се насочат во полуфиналниот двомеч против екипата на Работнички. Само да потсетиме дека единствениот пораз, оваа сезона, Вардар го има во четврфиналето на купот, кога на реваншот во Куманово бевме поразени од екипата на Еуроспорт, но поминавме понатаму поради високиот триумф на теренот на Академијата.

Единствената шанса за трофеј оваа сезона, пионерите на Вардар ќе ја бараат токму во националниот куп, со оглед дека во првенството имаме голема негатива пред првопласираниот тим. Противник за избраниците на Петар Ѓорѓиески ќе биде екипата на Пелистер. Во четврфиналето нашите пионери ја елиминираа екипата на Македонија Ѓ.П која инаку е лидер во првенството, откако ја победија и на двата натпревари. Веќе одигравме оваа сезона два меча во првенството. Дома славевме минимално со резултат 1-0, додека в Битола одигравме реми 2-2.