Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Матеј Величковски: Треба да продолжиме со победите и предноста на табелата да биде уште поголема
Матеј Величковски: Треба да продолжиме со победите и предноста на табелата да биде уште поголема

Матеј Величковски: Треба да продолжиме со победите и предноста на табелата да биде уште поголема

Нова победа вкупно 16-сета во лигата за помладите пионери, кои го добија натпреварот против Милано, во рамките на 17 одложено коло во првенството. Вардарци ја оправдаа фаворитската улога и славеа убедливо со резултат 8:0 и освоија нови три бодови, со кои уште повеќе се зацврстија на врвот на табелата во својата возрасна генерација. Инаку ова беше трета победа во пролетниот дел од сезоната, а 15-сета последователна во оваа сезона, откако дури во второто коло само екипата на Работнички успеа да им одземе бодови на црвено-црните, кога одиграа со нерешен резултат, кој е единствен за Вардар оваа сезона. За впечатоците од триумфот против Милано, како и за досегашниот дел од сезоната можете да прочитате од изјавата на голманот на Вардар, се работи за Матеј Величковски.

- Одигравме прилично добар натпревар и одигравме колку што е потребно за да ги освоиме бодовите. Секако дека очекувавме победа, но знаевме дека треба да дадеме 100 посто на овој натпревар за да го добиеме. Ова е 15 послодователна победа за нас и се надевам дека ќе продолжиме со овој континуитет. Во лигата немаме пораз и се надевам дека тоа нема да се промени до крајот на сезоната. Лидери сме на табелата, имаме предност од 16 бодови пред второпласираниот Работнички, но тоа не мора да значи дека се е завршено. Треба да продолжиме да грабиме кон победите и предноста да биде уште поголема.

217

Оваа генерација на Вардар сигурно чекори кон освојување на двојната круна во оваа натпреварувачка сезона. Покрај големата бодовна предност во лигата, пред избраниците на Рап-Тап е и борбата за трофејот од купот, каде веќе се пласираа во полуфиналето. Очекувањата на Величковски се секако, освојување на двојната круна.

-Досегашниот успех се должи на досегашната макотрпна работа, дисциплина и посветеност на тренинзите и натпреварите . Заедно со тренерот Тодороски сме на пат да направиме огромен успех, но како што кажав ништо не е готово, допрва треба да се бориме и да победуваме. Нашата цел покрај првото место во лигата е и трофеј во купот. Се надевам дека оваа барем засега добра сезона за нас ќе ја крунисуваме со двојна круна и ќе направиме успех за историја.

Звонко Ивановски