Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар гостува кај Работнички, вардарки не го даваат врвот
ЖКК Вардар гостува кај Работнички, вардарки не го даваат врвот

ЖКК Вардар гостува кај Работнички, вардарки не го даваат врвот

ЖКК Вардар во рамки на 4.коло од женската прва кошаркарска лига ја совлада  екипата на ЖКК Струга 2009, нашиот тим дојде до победа со високи 91 – 49. Тоа беше четврта победа во исто толку дуели за вардарки, нашиот тим е првопласиран на табелата. По четири кола со максимални 8.бода сме на првата позиција,  Бадел со далеку послаба кош-разлика е зад нас. Овој викенд следи нов предизвик за девојките на Жаклина Стојановска.

Црвено-црните дами во следното, петто коло се гости на екипата на ЖКК Работнички. Ние дуелот во Градски Парк ќе го одиграме во сабота, 10.ноември со почеток во 19-30 часот. Нашиот ривал на табелата е на 7.позиција со само една победа досега во лигата.