По одигрувањето на вонредното 11.коло во женската Супер лига и победите на Вардар и Металург овие две екипи се искачијана врвот на табелата. Сино-белите имаат 27.бода, девојките на Симовски, Ристова и Царчев имаат 25.бода колку и кумановки со меч помалку. Следно на програмата е дербито Металург-Вардар.
Овој дуел на скопските девојки во рамките на 12.коло ќе се одигра во сабота, 10.ноември во салата “Автокоманда“ со почеток во 16 часот и 30 минути. Домаќинот е единствениот тим кој ни нанесе пораз на домашен терен оваа сезона, оваа е прилика за одмазда. Несомнено Металург е голем фаворит против младиот Вардар, но на наша страна е храброста, тимската игра и желбата за успех. Со евентуална победа би избиле на врвот на табелата.