Викендов на програмата во машката Супер лига е 8.коло, во истото момците на Стојан Петрушевски ќе бидат гости во градот Велес. Црвено-црните ќе играат дуел со тимот кој е “фенерџија“ во најквалитетната машка ракометна конкуренција во земјата, екипата на ГРК Борец.
Борец е убедливо последен, оваа екипа и по седум кола се нема израдувано на бодови, односно има седум порази. Вардар Јуниор на своето конто има шест бода, и овој дуел со велешани е шанса за подобрување на бодовното салдо на најмладиот тим во лигата. Дуелот се игра на 12.ноември, понеделник со почеток од 19-00 часот во салата “Гемиџии“ во Велес.