Викендов во рамки на 9.коло во првата женска кошаркарска лига девојките на Вардар се домаќинки на “фенерџијата“ во лигата. На црвено-црните дами ќе им гостува тимот на Трокал кој во моментот е последнопласиран тим во единствената женска кошаркарска конкуренција во земјава.
Противникот досега одигра шест дуели и во сите забележа пораз, во овој натпревар нашите кошаркарки влегуваат како голем фавориот. Ние сме второпласирани, имаме четири победи и два пораза, и двата неуспеха се во дуел со шампионот Бадел 1862. Во првиот дуел нагости кај Трокал ние овој млад тим го победивме со “плус пеесет“ поени позитива, до победа дојдовме со резултат 23-73 на тој натпревар.
Ова е последно есенско коло во лигата по што следи стандардната зимска пауза пред почетокот на пролетниот дел кој начелно е предвоиден за крајот на идниот месец. Во првото пролетно коло треба да одиграме гостински дуел со тимот на Струга 2009.
фото:екипа.мк