Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Првиот натпревар во новата година во ЛШ, помеѓу Барселона и Вардар е прогласен за меч на колото
Првиот натпревар во новата година во ЛШ, помеѓу Барселона и Вардар е прогласен за меч на колото

Првиот натпревар во новата година во ЛШ, помеѓу Барселона и Вардар е прогласен за меч на колото

Првиот натпревар на Европскиот шампион во новата 2018 година во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите според ЕХФ е прогласен за меч на колото. Црвено-црните ќе гостуваат во “Палуа Блауграна“ на 10-ти февруари и очекувано ово дуел го доби епитетот “натпревар на колото“ во ЛШ.

-Бранителот на титулата, Вардар, е на пат да стане првата екипа која се вратила во Келн, по освојување на Лигата на шампионите, благодарение на непобедливата сезона досега. Нивната серија ќе биде ставена на тест во 11. коло, кога ќе заминат во ‘Палау Блауграна’, салата во која Барселона секогаш очекува победа. Вардар ја покажа својата доминација со победа од 27-24, со неколку брилијантни одбрани на Арпад Штербик, кога двеве екипи се сретнаа во 5. коло, па Барселона ќе сака да се реваншира и за тој пораз и за оној од полуфиналето во Келн, минатата сезона. Со тоа би освоила два витални поена во трката за второ место во групата А“, стои на официјалната страна на ЕХФ.

Со евентуална победа во Барселона, нашиот шампион ќе биде многу блиску до задржување на првото место на крајот од групната фаза, што ќе значи и втора сезона по ред директен пласман во четвфиналето. Со триумф Вардар ќе ги отпише дефинитивно Барса и Рајн-Некар во борба за првото место, додека единствен конкурент ќе ни остане тимот на Нант, кој до крајот има најтежок распоред на одигрување.