Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар во сабота ќе организира новогодишен минибаскет фестивал
Кошарка! Вардар во сабота ќе организира новогодишен минибаскет фестивал

Кошарка! Вардар во сабота ќе организира новогодишен минибаскет фестивал

Koшаркарскиот клуб Вардар во сабота,  23.12.2017 година во малата сала при  Срц “Кале“- Скопје ќе организира новогодишен минибаскет фестивал. Во истиот ќе земат  учество дури  20 екипи од цела Република Македонија!

Вардар годинава има неколку проекти кај младите категории, па така веќе зад нас се три кола од вардаровата баскет лига. На новогодишниот  минибаскет фестивал учество ќе земат екипи во две старосни категории. Станува збор за кошаркарски надежи кои ќе играат во повозрасната категорија родени 2007 и 2008 година, а помалата категорија ќе биде сочинета од кошаркари родени  2009 и 2010 година. Кошевите и големината на теренот ќе бидат приспособени за оваа возраст на дечиња. Се очекува многу дружење, детски џагор, интересни натпревари нови другарства и еден прекрасен кошаркарски хепенинг.