Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар домаќин на третиот турнир во регионалната женска лига
Вардар домаќин на третиот турнир во регионалната женска лига

Вардар домаќин на третиот турнир во регионалната женска лига

Третиот турнир во рамките на регионалната женска лига ќе се одигра во Скопје, во периодот од 19-21-ви јануари. На истиов повторно ќе настапат три екипи, кои беа дел и од претходните два турнири, кои се играа во Подгорица и Љубљана, а тоа се Вардар, Будуќност и Крим.

Распоред на натпревари од 3 турнир во ВРХЛ:

19.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Вардар – Будуќност (17 ч.)

20.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Будуќност – Крим (17 ч.)

21.01.2018 – голема сала СЦ „Јане Сандански”
Крим – Вардар (17 ч.).

На претходните два турнири, Вардар одигра четири натпревари и забележа исто толку победи. Мечевите во регионалната лига кои ќе се одиграт во Скопје, ќе претставуваат главна подготовка на Вардарки во пресрет на натпреварите од главната рунда во Лигата на Шампионите, каде на 27-ми јануари во истава сала ќе ја пречекаме екипата на Мец.