Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Претстојниов викенд, РК Илинден – Вардар организира силен турнир во спортската сала “Гоце Делчев“
Претстојниов викенд, РК Илинден – Вардар организира силен турнир во спортската сала “Гоце Делчев“

Претстојниов викенд, РК Илинден – Вардар организира силен турнир во спортската сала “Гоце Делчев“

Претстојниов викенд на 23 и 24-ти декември во спортската сала “Гоце Делчев“ во населбата Илинден ќе се одигра младински ракометен турнир кој е во организација на ракометната школа Илинден-Вардар, која е дел од академијата на Вардар и од нивниот проект наречен “Јуниор“ лига.

На турнирот учество ќе земат седум ракометни школи, кои ќе се натпреваруваат во три различни возрасни категории и тоа родени 2004/05, 2006/07 и најмалите кои ќе се натпреваруваат во мини ракомет, генерација родени 2008 и помали дечиња. Покрај домаќинот РК Илинден – Вардар, учество ќе земат и Балтепе-Вардар (Тетово), Карпош-Вардар ( Куманово), Бисинов-Вардар ( Велес), РК Аеродром, РК Шампион-Вардар и РК Урдаревски-Вардар од Скопје. Сите споменати школи, освен РК Аеродром се дел од третата сезона и на “Јуниор“ лигата.

Главен покровител на турнирот е Општина Илинден и градоначалникот на оваа општина, Жика Стојановски кој ќе помогне турнирот да помине во најдобар ред и ракометарите да ги имаат сите неопходни услови за време на ракометната игра. Покрај натпреварувачки карактер секако ќе има и дружење, а ова ќе биде поттик и за другите ракометни школи да го следат примерот на илинденци и да организираат турнири, на кои децата ќе можат да споделуваат искуства и повеќе да напредуваат.

РК Илинден Вардар чии тренери се Дарко и Александра Јанев е една од најдобрите школи која се натпреварува во “Јуниор“ лигата, Од оваа школа имаат произлезено квалитетни и надежни ракометари кои во моментов настапуват за пионерската и кадетска екипа на Вардар и со успех го носат црвено-црниот дрес. Посветеноста на Јаневи за ракометот е главната причина за напредокот на оваа школа, која пак ќе споменеме дава ракометари кои настапуваат во младинските екипи на најголемиот македонски клуб. Генерацијата родени 2004/05 година на Илинден-Вардар е актуелен освојувач на “Јуниор“ лигата и се очекува да биде голем фаворит и на овој турнир за освојување на првото место.  Инаку Дарко Јанев потекнува од црвено-црното семејство и е поранешен ракометар на МРК Вардар и покрај добар тренер и е одличен педагог од кој децата има многу да научат. Неговото искуство е непроценливо за нивниот понатамошен напредок, а неговата работа веќе е препознатлива и докажана.

Во сабота и недела не очекува квалитетен турнир, на кој подобрите нека победуваат, нека се надигруваат и меѓусебно дружат. Се надеваме дека спортската сала “Гоце Делчев“ ќе биде наполнета и ќе има многу љубители на ракометот.