Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Дарко Радуловиќ назначен за нов тренер на КК Вардар
Дарко Радуловиќ назначен за нов тренер на КК Вардар

Дарко Радуловиќ назначен за нов тренер на КК Вардар

Дарко Радуловиќ ќе биде нов тренер на кошаркарскиот клуб Вардар, откако поранешниот стратег на црвено-црните, Ѓорѓи Кочов е промовиран во стручниот штаб на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје и тоа како помошен тренер во првиот тим. Радуловиќ е најдоброто решение за тренерското место на Вардар , со оглед дека тој му беше и помошник на Кочов, па знае со каков состав и сили располага.

-Сакам да му се заблагодарам на претходникот Ѓорѓи Кочов, за несебичната соработка во последните 18 месеци. Истото важи за раководството на Вардар, кое што ми укажа доверба да го водам сениорскиот тим. Моите заложби ќе бидат да се игра модерна и брза кошарка, притоа следејќи ја визијата на Кошаркарскиот клуб Вардар, да се промовираат и да се форсираат млади, талентирани играчи. Имаме одличен ростер пред кој што е светла иднина, но ќе треба напорно да продолжиме да работиме кон остварување на целта, изјави Радуловиќ за basketball.mk.

Радуловиќ е поранешен играч на Работнички, МЗТ Скопје и Никол Ферт. Вардар оваа сезона се натпреварува во втората по квалитет кошаркарска лига, каде по осум одиграни натпревари има седум победи и еден пораз и се наметнува во најсериозен претедент за влез во најсилната македонска лига.