Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар доминира во СЕХА-лигата, во сите статистички податоци, без пораз, најдобар напад и одбрана
Вардар доминира во СЕХА-лигата, во сите статистички податоци, без пораз, најдобар напад и одбрана

Вардар доминира во СЕХА-лигата, во сите статистички податоци, без пораз, најдобар напад и одбрана

Актуелниот освојувач на СЕХА-лигата, екипата на РК Вардар одигра одлична полусезона во ова натпреварување каде на 11 одиграни натпревари забележа исто толку победи, од кои голем дел беа убедливи, а некои изразени и со двоцифрена разлика. Црвено-црните незнаат за пораз оваа полусезона и моментално се лидери во СЕХА-лигата со голема бодовна разлика пред останатите конкуренти и уште од сега може слободно да се спомене дека Вардар е сигурен учесник на нов завршен турнир во ова натпреварување.

Ова се сите постигнати резултатит на Вардарци во овој дел од СЕХА, а најубедливиот триумф го имавме против екипата на Војводина кога во нашата арена славевме со резултат од 37:22, додека Целје беше противникот кој успеа да загуби со најмала разлика во дуелите со нашиот шампион.

1 коло: Металург – Вардар  23:32

2 коло: Вардар – Горење Велење 32:19

3 коло: Вардар – Брест Мешков  31:23

4 коло: Вардар – Татран Прешов  32:28

5 коло: Целје П.Л. – Вардар  28:31

6 коло: Вардар – ППД Загреб  30:23

7 коло: Вардар – Динамо Панчево  42:32

8 коло: Нексе – Вардар  21:30

9 коло: Вардар – Војводина  37:22

10 коло: Вардар – Металург  31:24

11 коло: Горење Велење - Вардар  24:30

Покрај тоа што имаме најмногу освоени, бодови, Вардар го има најдобриот напад и одбрана во ова натпреварување. Успеавме засега да постигнеме 358 голови, додека примивме 267, што се најдобри бројки во однос на другите екипи. Што се однесува до листата на најдобри стрелци кај нашиот шампион во оваа лига, првото место е за Тимур Дибиров кој успеал да постигне најмногу од своите соиграчи, или вкупно 38 голови. Вуко Борозан е втор со 35 погодоци, додека Иван Чупиќ е на третото место со 30 голови. Следуваат Мијајло Марсениќ со 28, потоа Кристопанс, Македа и Карачиќ со по 27 голови, додека во ТОП-50 листа на најефикасни играчи во СЕХА се наоѓа и репрезентативецот на Македонија и десното крило на Вардар, Мартин Поповски кој постигнал 26 голови. Што се однесува до голманите во нашиот состав, статистички најдобар е Даниел Ѓорѓески, кој успеал да одбрани 37 топки од 120 удари кон неговиот гол. Страхиња Милиќ има 47 одбрани од 161 упатен удар кон неговиот гол, додека Арпад Штербик има 28 одбрани од 98 упатени удари.

Следниот натпревар за избраниците на Раул Гонзалес во ова натпреварување е на 1-ви февруари следната година, кога ќе гостуваме во Белорусија на екипата на Брест Мешков. Вардар заврши со мечеви за оваа година, а во наредниот период, односно во периодот од 12-26-ти јануари актуелно ќе биде Европското првенство во Хрватска, на кое ќе настапат и најголем дел од играчите на Вардар.