Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дури четири ракометарки на Вардар, во избор за најдобар играч на годината
Дури четири ракометарки на Вардар, во избор за најдобар играч на годината

Дури четири ракометарки на Вардар, во избор за најдобар играч на годината

Дури четири ракометарки на Европскиот вицешампион, екипата на Вардар влегоа во потесниот избор за најдобра ракометарка во 2017 година. Оваа анкета секоја година ја спроведува реномираниот портал “Хандбал планет“, а во гласањето учествуваат новинари од целиот свет.

Драгана Цвијиќ, Андреа Пенезиќ, Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ ќе се борат за приматот најдобар играч, а нивна конкуренција ќе биде само словенката, Ана Грос. Гласањето ќе трае се до 4-ти јануари, а приматот за најдобра последните две години го држи Кристина Неагу, која настапуваше за Будуќност, а моментално е член на ЦСМ Букурешт. Последниот глас во овој избор го даваат посетителите на порталот, “Хандбал планет“.