Во петок во просториите на Македонскиот Олимписки комитет, продукцијата ПГВ Нетворк од Белград ќе го претстави филмот во чест на 70 годишнината на ФК Вардар, наречен “Еден живот, една љубов“.
Филмот е во времетраење од 70 минути, а во главна улога е Дарко Панчев кој го води филмот, во кој се појавуваат легендите на фудбалскиот клуб Вардар.
Беше вистинско уживање да се биде гостин во Скопје. Со оглед на тоа што сме продукција од Србија, голема беше одговорноста да се работи на проектот, кој го предложи нашиот драг колега Живко Здравовски“, истакна директорот на продукцијата, Радован Максимовиќ.