Екипите на Тим Арена од Штип и Патриот 2016 од Делчево ќе играат во финалето на М16 лигата во женска конкуренција. За тоа младите кошаркари од Штип, односно од Делчево се изборија со победи во полуфиналните дуели против фаворизираните состави на Бадел 1862 и на Вардар.
Во првото полуфинале, кошаркарките од Штип одиграа одличен меч против „баделки“, и на крјаот дојдоа до победа
Дојчинова реализираше 14.поени, а по 11 во победничката екипа допишаа Јанева и Иветиќ. На другата страна од теренот, Ѓуковиќ реализираше 21. А Димковска уште 14.поени.
Второто полуфинале го „пресуди“ втората четвртина. Онаа во која младите кошаркарки од Делчево направија парцијален скор од (27:13), со кој го поништија водството на „вардарки“ по првата четвртина од (17:13).
На полувремето имаа сосема солидно водство (40:30).
Иако имаше уште цели 20.минути, не се промени скоро ништо во играта на двете екипи. Патриот 2016 успеа да ја одржи таа двицифрена разлика и да стигне до финалниот меч, во кој утре вечер од 18.30 часот, ќе се сретне со Тим Арена.
Ана Ангеловска беше играч на натпреварот, реализираше 30.поени, имаше и 16.скока и 4.асистеции. Стојменовска додаде 11, а Атанасовска уште 10.поени за екипата од Делчево.
Кај Вардар, одличен дабл-дабл скор имаше Ања Начевска. Освен реализација на 25. поени, својата универзална игра, младата кошаркарка ја дополни со 14.скока и едно додавање, но немаше поентерска логистика од соиграчките.
Од 16.часот, за третото место ќе разигруваат двете скопски екипи, Бадел 1862 и Вардар.
МЛАДИНСКИ ЛИГИ – М16-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ
Патриот 2016 – Вардар 68:58
Бадел 1862 – Тим Арена 55:48
5. ЈУНИ (НЕДЕЛА) – ЗА ПЛАСМАН
ЗА ТРЕТО МЕСТО
16.00: Бадел 1862 – Вардар
ФИНАЛЕ
18.30. Патриот 2016 – Тим Арена