Во петокот, кадетките на ЖРК Вардар со победата над РК Сани 14 обезбедија пласман на завршницата, место на Ф-4 турнирот кој ќе го даде шампионот во кадетската конкуренција. Девојките на Платон и Папуџиева вчера по одигрувањето на останатите дуел дознаа кои тимови обезбедија пласман на завршниот собир.
Покрај нас втор патник е тимот на ЖРК Стружанка која на домашен терен ја совлада екипата на Металург, екипата на РК Шампион на гостински терен успеа да ја совлада екипата на Деспина, со победа во Прилеп и тие се придружија на најдобрите четири тима кои ќе разигруваат за пахар. Последниот патник го даде мечот кој се одигра во Битола, екипата на ЖРК Феникс АМС го совлада тимот на РК Делчево и обезбеди место на Ф-4.
Ждребувањето за паровите ќе биде на почетокот на оваа недела, а завршницата се игра идниот викенд, се уште не е одредена салата која ќе биде домаќини.