Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите го освоија пехарот на турнирот во Гостивар, освоени две индивидуални признанија (Фото)
Пионерите го освоија пехарот на турнирот во Гостивар, освоени две  индивидуални признанија  (Фото)

Пионерите го освоија пехарот на турнирот во Гостивар, освоени две индивидуални признанија (Фото)

Пионерите на РК Вардар 1961 беа дел од турнир кој се одигра во Гостивар, домаќин на истиот беше тимот на Јехона. Момците на Зоран Петковски-Зенга дојдоа до злато на истиот и освоја две поединечни признанија.

Ние во полуфиналето се сретнавме со тимот на РК КЛ-7 од Струга, на оваа средба доминиравме во сите аспекти на ракометната игра и победивме со високи 15.гола разлика. Триумфот дојде со резултат 37-22, со оваа победа обезбедивме пласман во финалниот натпревар.

285155054_412781550740804_7451858520196442947_n

Во истиот се сретнавме со тимот на домаќинот, екипата на РК Јехона и на оваа средба избраниците на Зенга беа тие што го диктираа темпото и го контролираа резултатот. Дојдовме до уште една голема победа, овој пат со 16.гола повеќе. Ние дојдовме до првиот пехар со оваа новоформирана селекција, со резултат 40-24.

285084302_1180508652517984_3627313426967504915_n 284152317_528070902191473_6874876289388350748_n

По крајот на турнирот беа избрани најдобрите, две награди заминаа во рацето на црвено-црните пионери. Матеј  Тевдоски се закити со признанието за најкорисен играч (МВП), а Бошко Ѓорѓиевски е прогласен за најдобар голман.