Навивачите на Вардар, популарните ,,Комити” вечерва приредија незаборавен спектакл во Скопје по повод нивниот 35-ти роденден.
,,Комитите” буквално го живнаа кејот на реката Вардар, каде запалија повеќе од 700 факели. Забавата продолжува, овој пат пред СЦ ,,Јане Сандански”, велат од навивачката група.
Првите видеa од настанот, ги очекуваме во текот на вечерта.