Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2008 на ФК Вардар се пласираше во 1/4 финалето на турнирот во Сплит, денес наш противник е Војводина
Генерацијата 2008 на ФК Вардар се пласираше во 1/4 финалето на турнирот во Сплит, денес наш противник е Војводина

Генерацијата 2008 на ФК Вардар се пласираше во 1/4 финалето на турнирот во Сплит, денес наш противник е Војводина

Фудбалскиот клуб Вардар со генерацијата 2008 се наоѓа во Сплит, каде се натпреварува на силниот меѓународен турнир „Далматинко Куп’. Избраниците на Влатко Колев успеаа како второпласирани да ја поминат групната фаза и да се пласираат во 1/4 финалето.

Во групната фаза одигравме вкупно четири натпревари, на кои остваривме две победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

ФК Вардар – Шахтјор  0:1

Вардар – Крка 3:0

Вардар – Сплит  0:0

Вардар – Абецада  1:0

На натпреварот со Крка, во листата на стрелци се запишаа Леонид Стамчевски, Габриел Талески и Гоце Петрески. Единствениот гол во победата против Абецеда беше дело на Давид Ангелески.

Во рамките на 1/4 финалето денес со почеток од 17:00 часот ќе се сретнеме со екипата на Војводина.