Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре го игра првиот дуел од 1/2-финалната серија
ЖКК Вардар утре го игра првиот дуел од 1/2-финалната серија

ЖКК Вардар утре го игра првиот дуел од 1/2-финалната серија

Девојките на Александар Ашаданов обезбедија пласман во полуфиналната плеј-оф серија во која на мегдан ја имаат екипата на актуелниот шампион, тимот на Баскет Кам.

Во првиот дуел од оваа серија ќе гостуваме кај ривалот во Македонска Каменица, дуелот е закажан за утре, 30.април. Натпреварот кој ќе го игра ЖКК Вардар во салата “Кирил и Методиј“ ќе започне во 14-00 часот. Судии се делегирани: В.Цветаноски, В.Крстевски и Н.Јовановски.