Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Клучниот дуел за пласман во 1/2-финалето од плеј-офот, КК Вардар го игра утре
Клучниот дуел за пласман во 1/2-финалето од плеј-офот, КК Вардар го игра утре

Клучниот дуел за пласман во 1/2-финалето од плеј-офот, КК Вардар го игра утре

Во четвртфиналната плеј-оф серија “подобар од три“ веќе КК Вардар има предност од 1-0 по победата во Срц „Кале“ и ќе има прилика веќе во втората средба да обезбеди пласман во 1/2-финалната серија. 

Дуелот против ривалот во оваа 1/4-финална серија, екипата на Баскет кам е закажан за утре, 30.април. Натпреварот се игра во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Дуелот  е закажан со почеток во 18-00 часот.

Треба да напоменеме дека во истиот ден и женските екипи на Вардар и Баскет кам во истата сала ќе одиграат натпревар, тие се сретнуваат во 1/2-финалето од плеј-офот од првата лига во 14-00 часот.