Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија У16 ќе биде домаќин на развоен турнир, четворица играчи од Вардар повикани од селекторот Станојковиќ
Македонија У16 ќе биде домаќин на развоен турнир, четворица играчи од Вардар повикани од селекторот Станојковиќ

Македонија У16 ќе биде домаќин на развоен турнир, четворица играчи од Вардар повикани од селекторот Станојковиќ

Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 2 до 8 мај ќе биде домаќин на Уефа развојниот турнир за фудбалери до 16 години (2006 генерација).

Покрај нашата млада селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Таџикистан, Косово и Хондурас. Натпреварите од развојниот турнир ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” и стадионот на Македонија Ѓ.П.

На 3. мај во 11. часот Македонија ќе одигра со Таџикистан. Во вториот меч првото коло силите ќе ги одмерат Косово и Хондурас. На 5. мај во рамките на второто коло од турнирот ќе играат Македонија против Косово (тренинг центар „Петар Милошевски”) и Хондурас против Таџикистан (стадион на Македонија Ѓ.П.) Двете средби ќе бидат одиграни во 16. часот. На 8. мај во последното коло на програмата се натпреварите Македонија – Хондурас во 11. часот и Таџикистан – Косово во 17. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ, за овие натпревари ги повика Нуман Ајетовиќ, Дарко Сековски, Алтин Алији и Стефан Младеновски од Вардар.