Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пом.пионери со важна победа над Шкупи
Пом.пионери со важна победа над Шкупи

Пом.пионери со важна победа над Шкупи

Помладите пионери на Вардар го продолжуваат својот од кон титулата, денес на домашен терен во еден цврст дуел дојдоа до минимална, но значајна победа. Црвено-црните беа подобри од тимот на Шкупи со резултат 2-1 (1-1).
279623776_10221340981656223_8291965603825451908_n

Вардар започна со овој состав: Данстак Андреј, Ајетовиќ Нуман, Јанкоски Драган, Порчу Димитар,  Николовски Марко Лефковски Давор, Гаштаров Матеј, Коловски Стефан, Нурединовски Алтин,  Алији Алтин и Николов Михаил.

278969270_10221340979336165_8695586223398605309_n

Вардарци тргнаа офанзивно на оваа средба, имаа повеќе желба и борбеност од гостинот, ние нападнавме со цел да отвориме со погодок. Свои прилики имаа Гаштаров , Коловски и  Нурединовски кои не вродија со полод. Се играше 33.минута кога Алији Алтин успеа да погоди и да ни донесе водство, со неговиот гол поведовме со 1-0 на оваа средба. За жал 10.минути потоа гостинот успеа да изедначи на 1-1, тие во 43.минута дојдоа до резултатска симетрија. Ние се обидовме во финишот на првиот дел да нападнеме и да ја вратиме предноста, имаше малце време и не успеавме во тоа. Заминавме на одмор со реми резултат 1-1.

279351040_10221340982496244_2332910600614080516_n 279312098_10221340981936230_6811112704145666929_n

Во вториот дел вардарци фрлија се на една карта, ни беше потребен погодок за да се вратиме во водство и да дојдеме до три битни бода во борбата за титула. Гаштаров се закани со удар од дистанца, неговиот обид беше блокиран.  Конечно во 68.минута преку Ајетовиќ Нуман дојдовме до предност, нашиот играч стрелаше за водство до еден гол, односно за резултат 2-1.  До крајот имаше две шанси за одбележување, Ајетовиќ Нуман се закани од слободен удар за нас, ривалот имаше прилика која одлично ја одбрани нашиот голман Данстак Андреј. До крајот успеавме да ја зачувавме предноста и да дојдеме до победа на оваа првенствена суперлигашка средба со резултат 2-1.

279220526_10221340981216212_1022597816271339059_n

Во игра влегоа: Брзаковски Ангел ,  Ѓорѓиевски Матеј и Крстевски Дамјан.