Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите на Вардар со 5:0 го совладаа Шкупи

Пионерите на Вардар со 5:0 го совладаа Шкупи

Пионерите на Вардар на домашен терен го совладааа тимот на ФК Шкупи со резултат 5-0 (1-0) на една средба на која доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра.
.
Тренерот Божиноски Саше започна со овој состав: Илиевски Леонид,  Трајчевски Александар,  Фидановски Зоран,  Митревски Матеј,  Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Бундалески Максим,  Кузмановски Михаил, Сековски Дарко  Спасиќ Тино и  Уневски Никола.
.
Во првиот период речиси во целиот не успеавме да поведеме, во нашата намера да го отворивме натпреварот со водство. Успеавме во предпоследната минута во тоа, Кузмановски Михаил во  44.минута донесе предност од 1-0 со која заминавме на пауза помеѓу двата дела. Во вториот дел нашата ефикасност драстично се зголеми, успеавме дури четири пати да ја погодиме мрежата на чаирчани.
Најпрвин Јакимовски Лука  погоди за 2-0 во 53.минута, а три минути потоа поведовме со високи 3-0 преки  Сековски Дарко. Доминиравме и  во 60.минута со неговиот втор гол  Кузмановски Михаил донесе предност од 4-0. Конечните 5-0 ги постави  Фидановски Зоран  во 82.минута.
.
Во игра влегоа: Апостоловски Илија, Јаневски Михаил,  Ристовски Стефан и  Николовски Матеј.